Зеленски: Путин сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не може да ја прекине војната

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека на рускиот претседател Владимир Путин не му е потребен крај на војната бидејќи „сака да ја ескалира ситуацијата за новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да не може да стави крај на руската војна против Украина“.
Тој потсети дека Путин вчера во Казахстан повторно рекламирал руски ракети и „подготвеност за убивање и уништување“.
„Путин јасно сака да додаде илјадници и илјадници проектили што веќе ја погодија Украина. Нему не му треба крај на оваа војна. Освен тоа, Путин сака да ги спречи другите да ја завршат оваа војна.
Тој сега може да мавта со својот „Орешник“ само за да ги осуети напорите на претседателот Трамп, што секако ќе се случи по инаугурацијата, Путин сега сака да ја ескалира ситуацијата за Трамп да не направи ништо и да не може да ја заврши војната“, истакна Зеленски во синоќешното видео обраќање.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
