-->
-->
Зеленски: Не сум разговарал со Венс од кавгата во Белата куќа
-->

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не разговарал со американскиот претседател Џ.Д. Венс од февруари, односно од жестокиот вербален конфликт за време на состанокот во Овалната соба на Белата куќа, на кој беше присутен и претседателот Доналд Трамп.
Во интервју за германскиот „Шпигел“, Зеленски зборуваше и за проблемите во комуникацијата со Стив Виткоф, американскиот претставник кој е активно вклучен во преговорите меѓу САД, Украина и Русија.
- Ги повикав сите советници за безбедност и сите беа подготвени да се вклучат – но се чини дека нешто запна со Виткоф, рече Зеленски.
„Не разговарав со него телефонски. Мојот тим се сретна со него во Париз, а разговараше и шефот на мојата канцеларија, Андриј Јермак“, додаде тој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Поскапува струјата
-

Муцунски: Ахмети живее во времето од пред 20 години
-

Дебата за измените на Кривичниот законик
-

Мицкоски: Долгорочен план за развој за повисок квалитет на живот
-

Маглата не попушта, Штип 10 дена под аерозагадување
-

Илјадници светилки и најразлични новогодишни реквизити го осветлија Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Изборот на Хоџа и Сали во среда пред пратениците
