Зеленски ја променил рутата на патување кон Европа поради тензии со Полска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски почнал да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа – објавуваат украинските портали.
Според наводите, Зеленски, претходно, најчесто за меѓународни патувања, го користел полскиот аеродром „Жешов-Јасионка“, кој од почетокот на конфликтот во Украина има важна логистичка улога за Киев и западните сојузници. Меѓутоа, вчера тој за Лондон отпатувал преку Кишињев.
Официјално објаснување за промената на рутата не е соопштено.
Украинските портали наведуваат дека промената е последица на заострувањето на односите меѓу Украина и Полска.
Несогласувањата на релација Киев – Варшава се интензивираа кон крајот на минатиот месец кога Зеленски на украинска воена единица и додели почесна титула херои на УПА. Одлуката предизвика остри негодувања во Полска, каде што Украинската востаничка армија се поврзува со масовни страдања на полското население за време на Втората светска војна.
Полските власти го оценија потегот како сериозна грешка и побараа јавно извинување од Киев. Во Варшава, според медиумските написи, се споменувала и можност за преиспитување на највисокото полско одликување што претходно му беше доделено на Зеленски.
Киев повика на продолжување на дијалогот и фокус на заедничките безбедносни предизвици, но новите информации за промената на рутата повторно ги актуализираат односите меѓу Украина и Полска.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Заедно со Кризниот штаб и екипите на јавните претпријатија сме на терен
-

Клековски: Бројот на прегледи во Гостивар се намалува, засега нема нови зарази
-

Невреме ги зафати Скопје и Куманово
-

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба во Гостивар
-

Обвинителството бара притвор за осомничените од гостиварски „Комуналец“, се соочуваат со најмалку четири години затвор
-

Велосипедист загина во сообраќајна несреќа кај Кочани
-

„Зајакнете ја врската со татковината“ – Грција нуди државјанство за македонски граѓани со грчко потекло
-

Кривична за 75-годишен маж за предизвикување пожар
