Зеленски и се заблагодари на С Македонија за поддршката
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и се заблагодари на Северна Македонија за приклучувањето кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина.
- Благодарен сум ѝ на Северна Македонија што се приклучи кон декларацијата на Г-7 за поддршка на безбедносните гаранции за Украина и стана 15-та земја што го стори тоа. Ги ценам личните напори на премиерот Димитар Ковачевски за зајакнување на партнерството на нашите земји, објави Зеленски на Твитер.

Земјите од Г7 на маргините на самитот на НАТО во Вилнус, објавија безбедносна рамка за долгорочни безбедносни гаранции за Украина со цел да се одбрани земјата од Русија. Г7 ја потврдија посветеноста на стратешката цел за слободна, независна, демократска и суверена Украина, во нејзините меѓународно признати граници, способна да се брани и да се спротивстави на идната агресија.
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
