-->
-->
Зеленчук одгледан во воздух, без почва и речиси без вода
-->

Чешки научници пронашле ефикасен начин на одгледување зеленчук во воздух, без почва и со ограничено количество вода. Проектот се нарекува „Марсонаут” и е дел од подготовките на научниците од Прага и на човештвото, за освојување на Марс.
На овој начин, засега успешно се засадени марула, репка, нане, босилек… Според д-р Јан Лукачевич од Универзитетот за животни науки и неговиот тим, „вкусот им е врвен, оти се одгледани во целосно контролирани услови” со потребната доза светлост и минерали.
Тие минатата недела, самите ги пробаа плодовите од својата прва берба. Главната придобивка од овој метод во развој, е тоа што се користи 95 отсто помалку вода отколку при вообичаеното одгледување растенија и тоа што се користи поинаква површина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
