Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат врз основа на реално измерените податоци
Здружението на инженери бара сметките за струја да се издаваат само врз основа на реално измерените податоци од струјомерите. Бараат бришење на член 31 од Правилата за снабдување кој дозволува издавање на сметки за електрична енергија врз основа на проценета, а не реална потрошувачка на струја и укажуваат дека во новиот Закон за енергетика, кој стапи на сила, јасно е уредена обврската за мерење и фактурирање на електричната енергија според реалната потрошувачка.
- Со новата претставка до Регулаторната комисија за енергетика укажавме дека оваа одредба повеќе нема правна основа, бидејќи уредува прашање што сега е јасно дефинирано во Законот и тоа на поинаков начин. Укажавме дека со тоа се крши хиерархијата на правни акти, велат од Здружението на инженери.
Оттаму бараат итно носење на новите Правила за снабдување, забрана за издавање на сметки врз основа на проценка кога струјомерот е исправен и Регулаторната комисија за енрегетика да го обврзе ЕВН на целосно почитување на Законот за енергетика. Во случај на продолжување на прекршувањата, од Здружението бараат иницирање на постапка за раскинување на договорот за приватизација на дистрибуцијата од 2006 година.
Ново на Сител
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола
-
Повеќе државни институции сместени во МРТВ две недели без вода - Вработени раце мијат во блиски молови
-
Македонија изгубила речиси 250 000 граѓани за една деценија, објави ЕВРОСТАТ
-
Студентите ќе добијат ваучери од 250 евра за компјутер, лаптоп или таблет
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност со новите измени во Кривичниот закон
-
Мицкоски: Борбата со високата корупција останува главен фокус