-->
-->
Збогум за легендарниот Марчена
-->
Поранешниот шпански репрезентативец, Карлос Марчена, на 36-годишна возраст реши да стави крај на својата професионална фудбалска кариера.
Марчена кариерата ја започнал во Севилја, потоа играл во Бенфика, а во 2001 година се сели во Валенсија каде се избори за место во шпанската репрезентација.
Има освоено две титули во Примера, една во Купот на Шпанија и една во Купот на УЕФА. На залезот на својата кариера беше играч на Виљареал и Депортиво Ла Коруња, а последните натпревари во кариерата ги одигра во Индија, во екипата на Керала.
За шпанската репрезентација настапуваше во период од 2002 до 2011 година, настапил на 69 натпревари на кои двапати бил стрелец, а во освои две титули, европската во 2008 и светската во 2010 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
УНХЦР се подготвува за голем бран бегалци од Иран
-
Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа над 40 луѓе
-
Просечната нето плата во април 45.452 денари
-
Украл пари од апарати во обложувалница, па пријавил во полиција - Кривична за лице од прилепско
-
Kрадел нафта, моторни масла и други предмети - приведен 64-годишен маж
-
Во прекин сообраќајот на автопатот Тетово - Скопје
-
Рокас: ЕП е независна институција, не можам да дадам коментар, ниту предвидување за извештајот на Вајц
-
Гутереш по повод Светскиот ден на бегалците: Да избереме солидарност, храброст и човечност