Завршува учебната година
За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2024/2025 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст.
За матурантите наставата заврши на 16 мај, а утре (11 јуни) ќе го полагаат вториот екстерен испит од државната матура. Првиот дел – задолжителниот испит по мајчин јазик, над 15 000 матуранти го полагаа на 31 мај.
Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование.
Пријавувањето е преку линкот https://euslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk
Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, првото ќе биде од 00:00 часот на 14 јуни до 23:59 часот на 17 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата - на 18 јуни и 19 јуни.
Второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 30 јуни, а документите ќе ги доставуваат следниот ден, 1 јули.
Ново на Сител
-
Евакуирана првата група македонски државјани од Израел
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува со завршни зборови на одбраната
-
Руте: НАТО ја исполни својата 11-годишна цел за трошоци за одбрана
-
Сончево и топло, попладне дожд и грмежи
-
ФК Силекс со бесплатен превоз за домашниот натпревар со ФК Дечиќ
-
Маж од Скопје со 1.34 промили алкохол во крвта возел туѓ автомобил во спротивна насока, предизвикал сообраќајка
-
Трамп го свикува Национален совет за безбедност заради Иран
-
Победнички старт на Ивановски на челинџерот во Франција