-->
-->
Завршува рокот за доставување барања за субвенции за задругите
-->
Првиот рок за доставување барања за субвенции за основање и работење на земјоделските задруги истекува денеска.
Барањата се доставуваат секои три месеци, а финансиската поддршка е неповратна.
Задругите имаат право во првата година од основањето за директорот и за еден агроном или ветеринар да побараат субвенции во висина од една месечна просечна плата.
Субвенциите за осигурителните полиси за задругарите се повисоки и изнесуваат од 70 до 80 проценти зависно од големината на задругата, но не повеќе од три милиони денари годишно.
Досега во Македонија се запишани 29 земјоделски задруги од кои 24 од мал и пет од голем обем, со вкупен капацитет од 870 хектари обработлива површина, 260 пчелни семејства, 450 говеда, 250 овци и 200 кози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања