Завршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Свети Наум
Завршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Свети Наум во должина од 24,3 километри, инвестиција од 11,7 милиони евра, информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Според информацијата, во завршна фаза е поставувањето на вертикалната и означување на хоризонталната сигнализација, а привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда.
- Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Свети Наум. Исто така, ја подобруваме патната мрежа, го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој во охридскиот регион. Со реконструкцијата заради зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и прегледност на патот се изврши и растеретување на косини од нестабилен карпест материјал и се монтираше заштитна челична мрежа на косините, стои во информацијата на ЈПДП.
Рехабилитацијата почна во август 2023 година, потенцираат, ќе заврши во предвидениот рок за изведба, јуни 2025 година.
Ново на Сител
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта
-
Македонија ги живее најтоплите денови оваа лето – на високите температури реагираат и млади и стари
-
Седми ден гори на Готен