Завршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Свети Наум
Завршува рехабилитацијата на магистралниот пат Охрид – Свети Наум во должина од 24,3 километри, инвестиција од 11,7 милиони евра, информира Јавното претпријатие за државни патишта.
Според информацијата, во завршна фаза е поставувањето на вертикалната и означување на хоризонталната сигнализација, а привршува и поставувањето на еластичната одбојна ограда.
- Со рехабилитација на оваа главна туристичка сообраќајна делница, ја подигнуваме безбедноста во сообраќајот и обезбедуваме квалитетна патна врска од Охрид до манастирскиот комплекс Свети Наум. Исто така, ја подобруваме патната мрежа, го подигнуваме квалитетот на туристичкиот потенцијал и го потикнувме економскиот развој во охридскиот регион. Со реконструкцијата заради зголемување на безбедноста во сообраќајот, како и прегледност на патот се изврши и растеретување на косини од нестабилен карпест материјал и се монтираше заштитна челична мрежа на косините, стои во информацијата на ЈПДП.
Рехабилитацијата почна во август 2023 година, потенцираат, ќе заврши во предвидениот рок за изведба, јуни 2025 година.
Ново на Сител
-
Меџити: Ќе имаме кандидат за градоначалник на Скопје
-
Полицаецот кој спречи девојка да се самоубие во Тетово повреден е од ножот кој го држела во рака, Тошковски ќе го награди
-
Кумановец прегазил двајца велосипедисти од Исланд, учесници на младинските олимписки игри
-
Последиците од пожарот во Езерани | ВИДЕО
-
Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
-
До недела многу топло, до 43 степени
-
Орбан: Христијанските и конзервативните вредности не се спротивни на демократијата
-
Објектите за спорт во сопственост на државата управувани од јавно претпријатие кое законски престанало да постои во 2017 година