Завршува процесот на лустрација- Отворените предмети ќе се завршат,нема да има нови
Завршува процесот на лустрација. Пратениците од владејачката коалиција поденсоа закон со кој се предлага престанок на важање на постоечкиот закон. Оцениле дека комисијата за верификација на фактите си ја завршила работата. Над 30 000 предмети поминале низ филтерот на лустрација а на повеќе од 300 лица им е утврден статусот на соработници со службите.
-Ова е и по препорака на Еу но со ова се подбрува теренската слика, изјави Илија Димовски
Веќе прогласените кодоши и натаму ќе имаат забрана за вршење на работа во јавни служби 5 години откако биле прогласени. Предметите кои се во постапка ќе се завршат а новите нема да се разгледуваат. Мандатот на членовите на комисијата завршува на први септември кога се очекува да стапи на сила законот за завршување на лустрацијата.
-Членовите ќе работат се додека има работа по сускиките одлуки о жалби, но нивниот мандата престанува на 1 –септември, дододаде Димовски
Законот ќе се носи по редовна постапка, на дневен ред ќе биде ставен на последната седница месецов. Се дотогаш тој е отворен за сугестии и интервенции.
-

Весна Ќуксановиќ
Сите содржини од овој новинар
