Завршува МТФ „Скупи фестивал 2015“

МТФ „Скупи фестивал 2015“ вечер ќе заврши со гостување на две камерни претстави од Бугарија и од Грузија.
Од 20 часот во кино „Фросина“ ќе биде изведена „Куќата на гневот“ на Театар Взраждане од Софија во режија на Диана Добрева. Во претставата осум жени бараат одговори за слободата на човековата волја и за патот кон среќата. Основа за драматургијата на оваа претстава е „Куќата на Бернарда Алба“, стихови на Федерико Гарсија Лорка, како и поеми на Рафаел Алберти, Мигел Ернандес и Диана Добрева.
Од 22 часот во Дансинг салата во МКЦ ќе гостува Нодар Думбадзе Професионал државен младински театар од Тбилиси со претставата „1945“. Автор и режисер е Николоз Сабашвили.
Претставата го опишува животот на едно германско момче и неговиот пат од детството кон зрелоста. Погрешното однесување на родителите, непријателството на луѓето, насилството и недостижната љубов влијаат на неговата психофизичка состојба, така што момчето од личност се претвора во диктатор.
По петдневно траење на „Скупи фестивал“, тричлено жири вечер ќе го прогласи победникот на годинашното издание.
Ново на Сител
-

Николоски: Воведуваме уште две нови авиолинии кон Италија, од јули ќе се лета кон Алгеро Сардинија и Палермо
-

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците
-

ЗОИ2026: Злато за Австрија во скијачки скокови, натпреварувањето прекинато
-

МБА: Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања
-

Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје
-

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево
-

Тридневен штрајк на таксистите во Атина
-

ССМ пред Владата ќе бара зголемување на минималната и сите останати плати
