-->
-->
Завршница на ракометниот Куп на Македонија
-->
Од денеска до недела во Охрид и Скопје ќе се играат завршните натпревари во ракометниот Куп на Македонија во двете конкуренции.
Завршните турнир во машка конкуренција ќе се одржи во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, додека дамите ќе играат во салата „Автокоманда“ во Скопје.
Денеска на програмата се полуфиналните натпревари. Утре (сабота) ќе се игра машкото, а во недела женското финале.
Термините и двојките за одигрување на натпреварите се:
Мажи
Полуфинале (петок, 17:30) Металург – Вардар Јуниор
Полуфинале (петок, 20:00) Охрид – Вардар
Финале (сабота, 17:30 часот)
Жени
Полуфинале (петок, 14:00) Вардар Јуниор – Металург
Полуфинале (петок, 16:15) Вардар – Куманово
Финале (недела, 17:00 часот).
Бранители на трофеите од минатата година се екипите на Вардар во двете конкуренции.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници