Завршни зборови за "Трезор"
Во својот завршен збор, од Обвинителството наведоа дека набавката на компјутерскиот софтвер ја организирале обвинетите преку американска фирма со своја подружница во Скопје, "Финзи", а чиј управител првично бил братот на обвинетиот Стајковиќ, а потоа сега починатиот Коста Крпач.
Во овој случај обвинети се тогашниот директор Сашо Мијалков, шефот на неговиот кабинет, Тони Јакимовски, тогашниот помошник министер во МВР, Небојша Стајковиќ и поранешниот началник на петтата управа во МВР, Горан Грујевски.
Во својот завршен збор, од обвинителството наведоа дека набавката на компјутерскиот софтвер ја организирале обвинетите преку американска фирма со седиште во Скопје, "Финзи", а чиј управител првично бил братот на обвинетиот Стајковиќ, а потоа сега починатиот Коста Крпач.
Според Обвинителството, набавката била незаконска бидејќи обвинетите првин ја договориле зделката со фирмата од Велика Британија, а потоа ја ангажирале скопската подружница на американската компанија Финзи па дури потоа МВР распишала оглас за јавна набавка.
Според обвинителството, сопствениците на Финзи имале блиски контакти со обвинетите.
Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и според обвинителството предизвикале штета врз државниот буџет од над половина милион евра.
Ново на Сител
-

Околу 25.000 Македонци ќе заминат на сезонска работа во странство
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Радев очекува поддршка од Макрон
-

Филипче бара референдум за уставни измени
-

Анкета: Највисока доверба во војската, најмала во судството
-

Ќе се затрупува градежната јама за свлечиштето да не се прошири на околните објекти
-

Помалку патници во градскиот автобуски превоз
-

Во „Аџибадем Систина“ отворен првиот Центар за тироидна жлезда во земјава
