Завршна манифестација од проектот „Денови за меѓуетничка интеграција“

На пригоден собир во средното општинско економско училиште „Гостивар“ и во присуство на ученици, професори, родители од средните гостиварски училишта беше означен крајот на проектот „Денови за меѓуетничка интеграција“.
Средношколците и наставниците од различни етнички заедници од општина Гостивар на зваршната манифестација во економското училиште имаа изложено информативни штандови, организираа работилници и ги претставија активностите од проектот.
- Нашето училиште е едно од шесте модел училишта во Македонија и е домаќин на сите средни училишта од општината на завршната манифестација. Претходно имавме можност преку овој проект да организираме излет за посета на повеќе локации во општината, значајни за историјата и културата, собиравме стара хартија и пластика за рециклирање, а беа организирани и повеќе спортски настани. Сепак, најважно е што со овие активности испраќаме силна порака за соживотот на овие простори и дека тој е неминовност и потреба, изјави Јованка Огњаноска, директор на средно економско училиште во Гостивар.
„Деновите за меѓуетничка интеграција“ се спроведоа во склоп на проект поддржан од УСАИД чија цел е зближување на младите од различни националности, да развива соработка, поттикнува толеранција и разбирање.
На завршната манифестација „Денови за меѓуетничка интеграција“ учествуваа над 80 средношколци и 20-ина професори од четири средни државни училишта.
Ново на Сител
-

Најмалку едно лице загина во пожарите во Небраска
-

МААЕ: Проектил ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран
-

Кубанскиот претседател возврати на забелешките на Трамп за „преземање“ на островот
-

Трамп: НАТО направи многу „глупава грешка“
-

Иран го нападна Израел со една од најнапредните балистички ракети
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
