Завршна конференција на проектот на УСАИД за заштита на човековите права
Во Скопје ќе се одржи завршна конференција на проектот на УСАИД за заштита на човековите права имплементиран од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), на која ќе се обратат Дејвид Атебери, претставник на УСАИД за Македонија и Жарко Алексов директор на проектот.
На конференцијата ќе бидат презентирани предизвиците во заштитата на човековите права и главните наоди од „Годишниот извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Македонија за 2017 година“.
Проектот на УСАИД за заштита на човековите права го поддржува имплементирањето на меѓународните правни стандарди во заштитата на човековите права во Македонија.
Целта на Проектот е унапредување на заштитата на човековите права преку воспоставување практикантска програма, едукација на младите правни професионалци во областа на човековите права, водење стратешки постапки за случаи на повреди на човековите права пред надлежните институции и Европскиот суд за човекови права и јакнење на улогата на граѓанските организации во промовирањето и заштитата на човековите права во Македонија.
Ново на Сител
-
Казнет и протеран од Косово брачен пар од Русија кој беше уапсен поради нелегален влез од Србија
-
Курти со опозицискиот лидер Красниќи разговарал за одржување предвремени избори во Косово
-
Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија
-
Состојба на патиштата
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати