Заврши вториот летен камп по веронаука во Бигорски и Рајчица

Во Бигорскиот манастир и неговиот метох, манастирот „Свети Георгиј Победоносец“,кај дебарското село Рајчица, заврши вториот летен камп по веронаука.
По вторпат ова лето, нашите манастири, велат од Бигорската обител, изминатите денови беа домаќини на деца од многу краеви од земјава, кои со своите најискрени насмевки, љубов и чистота внесоа уште повеќе богатство во нашата духовна ризница.
-Низ богослужби, наука, послушанија, дружба, игра и рекреација, помина и вториот летен камп. Четириесетината деца од различни краишта на земјава, престојувајќи неколку дена во нашите манастири, не само што ги слушаа своите омилени поуки за верата и духовниот живот, туку се стекнаа и со некои важни сознанија во областа на екологијата, додава сестра Ефимија.

Посочува дека за нив особено интересна била средбата со претставниците на Црвениот крст од Дебар, Исни Телќиу, секретар, доктор Драган Клопчевски, предавач по прва помош и Миризана Телќиу, демонстратор по прва помош. Тие ги запознале децата со основните начини преку кои може да им се пружи помош на повредени и лицата во опасност.
- Сепак, најзначајни за нив беа средбите со нашиот Старец, архимандрит Партениј, чија што личност предизвикува огромна радост меѓу младите, а неговите духовни поуки – слатка храна за нивните души, нагласува сестра Ефимија.
На иницијатива и со благослов на архимандрит Партениј, ова е осма година како во двата манастира се одржуваат летни кампови по веронаука. До сега ги посетиле неколку илјади деца од многу градови од нашата држава, изучувајќи ги основите на христијанството, но и основните морални начела.
Ново на Сител
-

Радев победи на изборите во Бугарија, неизвесно формирање на стабилна влада
-

Со нови линии до повеќе туристи
-

Тема на денот со Владимир Владимиров, политички аналитичар
-

ИПР со регионално решение за кучињата скитници
-

Бугарија гласа: Уште еден обид за стабилна влада и подобри односи Скопје-Софија
-

Бугарите во Македонија гласаат без проблеми
-

Мицкоски очекува проевропски премиер во Бугарија
-

Власта задоволна - опозицијата бара нови мерки против кризата
