Заврши вториот круг преговори помеѓу Украина и Русија

Завршија преговорите помеѓу Украина и Русија на полско-белоруската граница, при што е постигнат договор за заеднички да обезбедат хуманитарни коридори со привремен прекин на огнот.
– Русија и Украина треба да воспостават канали за комуникација и во блиска иднина заеднички да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, како и снабдување со храна и лекови, изјави советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговорите, Микаило Подољак.
Тој додаде дека украинската делегација не ги доби резултатите на кои се надеваше и оти ќе го продолжи дијалогот во третата рунда преговори.
Додека лидерот на руската делегација Леонид Слуцки најави дека третиот круг разговори со Украина ќе се одржи следните денови.
– Договорите меѓу Русија и Украина наскоро ќе бидат одобрени на највисоко ниво, додаде Слуцки.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
