Заврши втората музичка работилница во Спомен - домот Тоше Проески

Со концерт на учесниците на работилницата за хармоника под менторство на Горан Алачки, вчера успешно заврши втората музичка работилница која од 24 до 26 јуни, се реализираше во спомен домот на Тоше Проески во Крушево. На концертот пред многубројната публика настапија специјалните гости поп звездата Елена Ристеска, и легендата на македонската народна песна Виданка Ѓоргиевска, соопшти Министерството за култура.
Учесниците на работилницата која годинава се одвиваше под менторство на најпознатиот македонски хармоникаш маестро Горан Алачки, во едукативни сесии ги изучуваа техниките и совладуваа песни низ нотни записи од различни музички жанрови. Целиот тек на работилницата беше сниман со професионална видео опрема и наскоро ќе биде продуциран краток документарен филм посветен на овогодинешното издание Крушево ворк-шоп, како и еден музички спот со некоја од изведените песни.
Одржувањето на музичката работилница, прераснува во традиција која се повеќе го окупира вниманието на домашната и балканската јавност, како еден од препознатливите брендови на Крушево, а Спомен – домот Тоше Проески прераснува во регинален музички едукативен центар .
Минатата година беше реализирана првата исклучително успешната работилница со македонскиот виртуоз на гитарата Влатко Стефановски и неговиот асистент Христо Мулар кои го поделија своето знаење со младите луѓе од кој произлезе и видео запис кој на друштвените мрежи го видоа повеќе од 130.000 луѓе, се наведува во соопштението од Министерството за култура.
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
