Заврши штипската „Пастрамајлијада“

Заврши 13. „Пастрамајлијада“ во Штип – манифестација чија цел е да го промовира штипскиот бренд, но и угостителството. Организаторите велат дека се поминало совршено, без проблеми и инциденти.
Публиката имаше три дена и согласно со нивните музички вкусови можеа и да уживаат во песните и музиката на македонските и балканските изведувачи: Кентаур, Arre brothers band, Нокаут & Игор Џамбазов, Агушеви, Мартинијан Кириловски, Антонија Гиговска, Светлана Ражњатовиќ-Цеца, No End, Викторија Лоба, Tropico band, Данијела Мартиновиќ.
Градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски денеска истакна дека во текот на наредните денови угостителите ќе соопштат колку пастрамајлии се продадени на штандовите.
Според него, манифестацијата „Пастрамајлијада“ треба да продолжи со промоцијата на брендот пастрамајлија, но дали ќе се менува концептот ќе се знае по јавните расправи што ќе се организираат со граѓаните и бизнис-секторот.
Одлуката дали се останува на овој концепт или нешто ќе се менува ќе се знае откако јавноста ќе се произнесе. Во изминатите три дена во Штип економски бенефит од манифестацијата „Пастрамајлијада“ имаа и текстилните и чевларски фарбики и трговските дуќани.
Ново на Сител
-

Николоски: За 40 отсто е зголемена изградбата на автопатите
-

Кумановец со мопед возел во спротивна насока - уапсени 10 возачи за безобѕирно управување возило
-

Од вторник облачно со врнежи од дожд
-

Јавниот автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Велики петок - најтешкиот ден во годината
-

Претседателот на Либан: Единственото решение е прекин на огнот што води кон разговори со Израел
