Заврши пријавувањето за инвертер клими, средствата исцрпени

Сумата на средствата што беа издвоени за субвенционирање за набавка на инвертери е исцрпена пред истекот на крајниот рок, информираат од Општина Гостивар. До крајот на годината над 80 домаќинства треба да добијат пари за купените клима уреди.
Комисијата која беше определена за спроведување на јавниот повик, ги разгледала пристигнатите пријави и утврдила дека предвидениот износ од 1,2 милиони денари е достигнат и нема да се примаат нови пријави. Посебна комисија деновиве ќе ги разгледува пристигнатите барања и ќе направи увид кај подносители за да се потврди дали ги исполниле условите.
– Со јавниот повик ваквата можност е предвидена, односно тој трае до 30 октомври 2019 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на општина Гостивар за оваа намена. Интересот кај граѓаните за субвенции за инвертер клими за греење беше голем и средата беа доставени 90 барања. Со разгледување на доставената документација ќе биде направена и селекцијата, како дел од првата фаза. По ова ќе следува и увид по домаќинствата и ако сé биде според планираното, субвенциите би требало да се исплатат до крајот на годината, посочија од комисијата која го спроведува јавниот повик.
Општината Гостивар со цел да се намалат штетните влијание од употребата на несоодветни горива, спроведе мерка за субвенционирање на набавка на поефикасни уреди за затоплување. Локалната власт ги стимулира граѓаните (домаќинствата) да набават посовремени уреди кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината. Со оваа мерка, на гостиварци кои имаат купено посовремен уред за затоплување – инвертер клима уред во 2019 година ќе им се надомести дел од трошоците во висина од 50 отсто, но не повеќе од 15.000 денари.
Ново на Сител
-

Кривична за командир и четири полицајци, криеле бесправна градба, ќе одат на психолошки преглед
-

Три месеци условна казна затвор за родител кој му дозволил на малолетен син да вози тротинет во Велес
-

Приведени возачи од Штип и Охрид, возеле под дејство на алкохол и пронајдена е марихуана
-

Малолетник уби едно дете во напад со нож во училиште во Русија, неколкумина повредени
-

Во Штипскиот затвор починал 40 годишен осуденик
-

Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар
-

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка - судењето продолжува со завршни зборови
-

МЗ ќе спроведе вонреден инспекциски и стручен надзор за смртта на новороденчето на Клиниката за гинекологија
