-->
-->
Заврши групната фаза во кошаркарската Евролига
-->
Со четирите натпревари одиграни синоќа беше комплетирано последното 14.коло од ТОП 16 рундата, а со тоа и натпреварите по групи.
На средбите одиграни синоќа беа постигнати овие резултати:
Цедевита – Црвена Ѕвезда 83:62, Дарушафака – Локомотив Кубан 87:86, Олимпијакос – ЦСКА Москва 96:99 и Уникаха – Фенербахче 71:67.
Во четвртфиналето кое ќе се игра од 12 до 26 април, ќе се сретнат: Фенербахче – Реал Мадрид, ЦСКА Москва – Црвена Ѕвезда (12 април), Лаборал – Панатинаикос и Локомотив Кубан – Барселона (13 април – прв дуел).
Четвртфиналната серија се игра во три добиени натпревари, а победниците ќе обезбедат пласман на Фајнал-фор турнирот во Берлин од 13 до 15 мај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров
-
Кратово доби мултинаменски спортски центар
-
Штипска Апелација одлучи предметот за „Пулс“ да го препрати на Врховен
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори