Заврши Централниот совет на ДУИ, избрано ново претседателство
– Заврши состанокот на Централниот совет на Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска во Тетово, на кој присуствуваа и претставници на таканаречената „Огнена група“. Состанокот го водеше претседателот на партијата, Али Ахмети.
За потпретседатели на партијата избрани се Изет Меџити, Арбер Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли. Блерим Беџети е избран за организативен секретар, а Фатон Ахмети за генерален секретар и Саранда Имери, секретар за еднакви можности.
Во Централниот совет ќе бидат Али Ахмети, Рамиз Мерко, Јетон Шаќири, Фатмир Дехари, Крешник Бектеши, Талат Џафери, Невзат Бејта, Валдет Џафери, Теута Арифи, Џеват Адеми, Артан Груби, Бујар Османи, Висар Ганиу, Назим Буши, Ејуп Халими, Ариан Даци, Бесник Емшиу, Мирсад Ибраими, Ардита Дани, Билент Сали, Реси Абдурахмани, Шергил Беќири, Шабан Мемети, Артин Спахиу и Емир Сулејмани.
Претседателот Ахмети за членови на Надзорниот совет ги предложи Муса Џафери, Беким Незири, Јуамин Синани, Зенун Матјани, Мемет Селами, Шукри Масурица и Недим Рамизи
На средбата, Талат Џафери побара да се додадат уште 11 членови, но на овој предлог веднаш му се спротивстави Муса Џафери. Предлогот на Талат Џафери не беше прифатен, бидејќи мнозинството не гласаше за неговиот предлог, по што го напушти состанокот.
Ново на Сител
-

Анита Тополова Исајловска избрана за в.д државен јавен обвинител
-

Трамп ја менува Агелер, амбасадорката на САД во земјава
-

Откако се раздвоија на патот кон ЕУ, сега Албанија ја поддржува европската интеграција на Македонија
-

Мисајловски: Нема да испраќаме македонски војници во Украина
-

Опозицијата реагира дека предлог-казните за злоупотреба на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ биле ниски
-

Ахмети: Без извршен Бадентер, нема коалиција со идна Влада
-

СДСМ: Изолација од ЕУ, суспендирани исплатите од ИПАРД 3 поради корупција
-

ВМРО-ДПМНЕ: Каде завршиле испраните 2 милиони евра од ЕСМ, во Мала Речица или Бихачка?
