Затворени избирачките списоци за Маврово Ростуше и Центар Жупа, Сулејман Сулејмани избран за претседател на ОИК Тетово
Сулејман Сулејмани, вработен во Министерството за економија, е избран за претседател на Општинската изборна комисија Тетово каде треба да се спроведат избори на членови на Советот на Општина Тетово.
Сулејмани е избран на денешната 59. седница на Државната изборна комисија (ДИК). Тој доаѓа на местото на досегашната претседателка на ОИК Тетово, Салије Аслани Абдији, која беше разрешена на нејзино барање. Како што образложи потпретседателка на ДИК Дитмире Шеху, досегашната претседателка на ОИК Тетово имала поднесено барање за ослободување од функцијата поради здравствени причини.
Во рамки на денешната седница, членовите на ДИК ја донесоа и Предлог-одлуката за заклучување на Избирачкиот список за спроведување на изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше и за изборот за членови на Советот на Општина Тетово што ќе се одржат на 28 август годинава.
Членот на ДИК, Бобан Стојаноски информира дека за изборите за градоначалник на Општина Центар Жупа, вкупниот број на гласачи запишани во Избирачкиот список изнесува 7.154 гласачи, од кои 309 гласачи се запишани во посебниот избирачки список за лица кои се на привремена работа или престој во странство и еден гласач е запишан во посебниот извод од избирачкиот список за лица кои за време на изборите се наоѓале за издржување на казна затвор или се во притвор.
За изборите за градоначалник на Маврово и Ростуше, вкупниот број на гласачи изнесува 9.948 гласачи, од кои 372 гласачи се запишани во посебниот извод од избирачкиот список кои согласно евиденцијата на надлежен орган се на привремена работа или престој во странство и едно лице е запишано во списокот за лица кои за време на изборите се наоѓале на издржување на казна затвор или се во притвор.
Исто така, ченовите на ДИК ја изгласаа и Предлог-одлуката за објавување на описите на избирачките места во центар Жупа, Маврово и Ростуше и Општина Тетово.
Ново на Сител
-
Арсовска доби 24ч полициско обезбедување, ОЈО побара притвор за напаѓачот
-
Мицкоски: Бугарија врши притисок како Русија врз Украина, не знам до кога Европа ќе има трпение
-
Анкета: Третина од граѓаните сметаат дека работите во Македонија одат во правилна насока
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Тошковски изрази сомнеж дека инцидентот со Арсовска е добро смислено сценарио
-
Стартуваат „Златни денови“ во Кратово
-
Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-
Со тупаници нападната скопската градоначалничка Данела Арсовска при увид на дивоградба во Чаир