Затворени избирачките места во БиХ
Избирачките места во Босна и Херцеговина, со неколку исклучоци, беа затворени во 19 часот, со што и официјално заврши гласачкиот процес на овогодинешните општи избори во земјата.
Сега се пребројуваат гласовите, а првичните неофицијални резултати треба да бидат познати околу 21 часот, додека Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина на полноќ на прес-конференција ќе ги соопшти прелиминарните резултати.
Во седум часот беа отворени нешто повеќе од 5.900 избирачки места. На овие се избераат 518 функционери на различни нивоа на власта.
Граѓаните гласаа за избор на тројца членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, 42 претставници во Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина, 98 претставници во Претставничкиот дом на Федерацијата на Босна и Херцеговина, 83 претставници во Народното собрание на Република Српска, претставници во собранијата на десет окрузи во Федерацијата Босна и Херцеговина и претседател и двајца потпретседатели на РС.
За овие функции се натпреваруваат нешто повеќе од 7.200 кандидати од 90 политички партии и 38 партиски коалиции, како и 17 независни кандидати.
Изборите ги следат околу 60.000 набљудувачи, од кои околу 50.000 се делегирани од политичките партии. Регуларноста на изборите ја контролираат нешто помалку од четири илјади меѓународни набљудувачи.
Ново на Сител
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
-

Свечено отворено Светското јуниорско првенство во параглајдинг Крушево 2026
-

Победниците на УС опен 2026 ќе добијат по 5,5 милиони долари
-

Попладне услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер
