Затворени гласачките места во штипскиот регион

Во Општина Штип се затворени 80 гласачки места. Престедателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева вели дека Штип имаше мирен ден, а изборите поминаа во фер и демокртаска атмосфера.
До 20.30 часот во Штип излезноста е 56,65 проценти. На одредни избирачки места од 20.00 до 21.00 часот излезноста изнесуваше од 58 до 70 отсто.
Според овие официјални податоци излезноста на овие избори е поголема во споредба со претседателските минатата година, но помала во споредба со предвремените парламентарни избори во декември 2016 година, кога во Штип на гласање излегоа рекорни 72,74 проценти од вкупниот број на избирачи.
Корона кризата е една од причините што во овој град денеска излезноста ќе биде помала во споредба со претходните парламентарни избори.
Најголема излезност во штипскиот регион има во Пробиштип, каде што од вкупниот број на избирачи до 20.30 часот излегле да гласаат над 66 отсто. Потоа во Карбинци на 16-те избирачки места излезноста е 62,89, а во Свети Николе 58,72 проценти.
Во моментов на гласачките места се одвива броењето на гласовите. Во Брегалничкиот регион има 320 избирачки места, на коишто со право на глас се речиси 150.000 избирачи.
Ново на Сител
-

Крушево ја започна празничната бајка која што ќе трае од викендов па се до Бадник
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
