Затворени гласачките места

Во 19 часот се затворени избирачките места на кои граѓаните можеа да гласаат на денешните шести локални избори во Република Македонија. По затворањето на избирачките места можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа.
Граѓаните избираа градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Се гласаше на 3.480 избирачки места, а право на глас имаа 1.814.644 избирачи кои може да се изјаснат за 260 кандидати за градоначалници и 6.627 кандидати на 372 листи за членови на совети.
Според последните податоци што ги објави ДИК, одѕивот до 17 часот беше 49,14 проценти.
МВР информира дека денот на изборите нема регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
ОИК, односно изборната комисија на градот Скопје резултатите од гласањето ги пресметува врз основа на записниците со сумираните резултати од избирачките одбори и целокупниот изборен материјал. ОИК односно, изборната комисија на градот Скопје резултатите ги утврдува според бројот на гласовите што ги добиле листите на кандидати за членови на советот односно за градоначалник, одделно врз основа на сумираните резултати од избирачките одбори.
Државната изборна комисија првичните резултати од изборите добиени по електронски пат ги објавува сукцесивно, а резултатите врз основа на податоците од записниците од ОИК во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.
ОИК првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од седум часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од избирачките одбори и ги истакнува на огласна табла во општината и ги соопштува на јавните гласила.
Изборната комисија на градот Скопје првичните резултати од изборите за членови на совет, односно градоначалник ги објавува во рок од 10 часа по завршувањето на изборите врз основа на податоците од ОИК за градот Скопје и ги истакнува на огласна табла во градот Скопје и ги соопштува на јавните гласила.
Вториот круг на гласање се одржува во рок од 14 дена од денот на завршувањето на првиот круг на гласањето. Втор круг ќе се одржи во општините каде ниту еден кандидат за градоначалник не го добил потребното мнозинство гласови, а се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добиле најмногу гласови.
Ова се шести локални избори во Македонија по независноста. Првите се одржаа во 1996, потоа во 2000, во 2005, во 2009 и во 2013 година.
Шестите локални избори во Македонија ги следеа 5.011 домашни и 373 странски набљудувачи.
Ново на Сител
-

Почната е постапка за јавна набавка за чартер летови за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток
-

Три случаи на врсничко насилство евидентира кумановската полиција во еден ден
-

Кривична пријава за повеќе лица и две фирми од Гостивар, граделе без дозвола и фалисификувале документи
-

Досега 632 македонски државјани побарале евакуација, дел ќе се враќаат со чартер летови, дел со владиниот авион
-

Утре облачно со локален дожд, а потоа сончево и топло до 18 степени
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
