Затруени дваесеттина деца во детско одмаралиште во Дојран
Два случаи на труење со храна се регистрирани изминатиот викенд од кои во едниот случај се затруени 20-тина деца во детско одмаралиште во Дојран.
Децата на возраст од 7 до 14 години со симптоми на повраќање и дијареа се хоспитализирани, а кујната на летувалиштето е затворена.
При увидот направен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство констатирани се повеќе недоследности и земени се брисеви и мостри од храната за понатамошна лабораториска анализа.
Во вториот случај двајца сопружници со симптоми на триење се хоспитализирани по конзумирање на слатки од слаткарница во скопско Драчево.
И во овој случај, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство направиле увид, наредиле мерки и ја затвориле слаткарницата до обезбедување на потребните услови за безбедно подготвување и послужување на храната.
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира да се почитуваат препораките како да се ракува и консумира храната во летниот период особено при екстремно високи температури.
Ново на Сител
-
Алтернативните форми на туризам се поактуелни на туристичкиот пазар
-
Тема на денот со Павле Воскопулос - „Виножито“
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски се поблиску до 2/3 мнозинство во собранието
-
Официјална Атина продолжува да предупредува за непочитување на Преспанскиот договор
-
Детектор: Членството во НАТО ни ја зголеми безбедноста, но не го забрза патот до ЕУ
-
Јавен обвинител ќе го истражува хаосот со хирушките сали на Клинички
-
Лицата со дијабетес бараат референтни цени, а не тендери за инсулин и дијабетични помагала