-->
-->
Заталкано зрно од огнено оружје оштети два објекта во Скопје
-->
Заталкано зрно од огнено оружје оштетило два објекта во Скопје.
Како што информира МВР, првиот случај вчера бил пријавен во СВР Скопје. Е.Л.(37) од Скопје пријавил дека вчера околу 15.00 часот во неговиот дом на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.
Во вториот случај исто така бил пријавен во СВР Скопје. Б.С.(51) од скопското село Љуботел пријавил дека вчера околу 15:20 часот на подот во продажен објект на подрачјето на Гази Баба паднало заталкано зрно од огнено оружје и го оштетило плафонот.
Полициски службеници од СВР Скопје ги подигнале зрната за понатамошна постапка. Полицијата презема мерки за расчистување на случаите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено