-->
-->
Заталкан куршум завршил во соба од куќа во Челопек, нема повредени
-->

Жител на тетовски Челопек во полиција пријавил дека ноќеска откако слушнал истрели, заталкан куршум завршил во една од собите во неговата куќа.
– На 18.07.2022 во 00.34 часот во СВР Тетово, Р.С.(50) од тетовски Челопек пријавил дека околу 00.15 слушнал истрели од огнено оружје, по што едно залутано зрно непознат калибар паднало во собата на неговиот син Ф.С.(18). Извршен бил увид и се работи на расчистување и документирање на случајот, информираат од СВР Тетово.
За пет дена ова е втор случај со заталкан куршум, при што во првиот инцидент на 13 јули имаше и повредено 59 годишна жена во Тетово.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Официјално: Четири македонски спортисти на ЗОИ 2026
-

Кушнер во Давос ги претстави плановите за реконструкција на Газа
-

Годинава и лицата со оштетен слух ќе можат да уживаат во песните на Евровизија
-

Нови 2.062 случаи на грип, сезонава три лица починати со грип
-

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“
-

Клековски: Во март следува уште едно зголемување на платите во јавното здравство
-

Укинати се вонредните ситуации во сите општини во Србија поради снегот, ситуацијата е стабилизирана
-

Со потпишување на Повелбата стапи во сила Одборот за мир на Трамп
