Свет
25. August 2017 - 10:49

ЗАСТРАШУВАЧКО: Поплава на швајцарските Алпи носеше се пред себе - има мртви!

Се стравува дека 14 луѓе го изгубиле животот во швајцарските Алпи во надоаѓањето на каллива поплава.

За осуммина германски, австриски и швајцарски излетници „засега не се знае каде се“, наведува полицијата од кантонот Граубуенден.

Покрај тоа во несреќата им се губи трага на уште петтмина или шест луѓе, рекол началникот на полицијата Андреа Митнер на конференцијата за медиуми, повикувајќи се на изјава на член на нивото семејство.

Огромна количина карпи и кал се одронила и паднала во долината зад селото Бонда, близу италијанската граница.

Оштетени се и уништени дванаесет згради, наведува полицијата.

За сообраќај е затворен и главниот пат на југот на кантонот.