Застрашувачки експеримент - научници поврзале мозоци на три мајмуни

Експеримент, кој мошне потсетува на сценарио од научно фантастичен филм, успеа да поврзе три живи мозоци на мајмуни во некој вид на колективна свест.
Истражувачите од Дјук униврзитетот веруваат дека во иднина компјутерите ќе можат да се прават од повеќе поврзани мозоци на животни познати како „органски компјутери“.
Во експериментот мозоците на три живи мајмуни се поврзани во целина, а животните „заедно управувале“ со роботска рака.
Мигел Николелис, истражувач, кој го предводеше експериментот, разви интерфејс, кој ги поврзува мозокот и машината и кој еден ден би можел да им овозможи на парализираните луѓе да ги контролираат роботските нозе.
- Во суштина создадовме супермозок. Колективната свест ја сочинувале мозоци на тројца мајмуни. Никој пред нас не успеал во тоа, вели тој.
Во првиот дел од студијата научниците поврзале три макаки мајмуни со машини, кои бележат електрична активност во делот на мозокот задолжен за моторика.
Секој од мајмуните независно научил да ги контролира 3Д движењата на аватар рацете прикажани на дигиталниот екран пред нив. Мајмуните потоа добиле заедничка контрола над рацете, така што секој од нив можел да контролира две до три димензии.
Иако нивните мозоци не биле поврзани директно едни со други, мајмуните интуитивно почнале да ги синхронизираат активностите. Системот функционирал дури и кога еден од мајмуните бил привремено спречен да учествува.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
-

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага
-

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, вкупно 3000 можни стипендии
-

Скопје денеска имаше најстудено утро, локален дожд попладне и во текот на ноќта
