-->
-->
Застрашувачка снимка од земјотресот во Италија
-->

Неколку ловци снимиле застрашувачка снимка од земјотресот кој оваа недела ја погоди Италија. Земјотресот беше со јачина 6.6 по Рихтер, а епицентарот бил во планинскиот дел на Италија. Ловците се нашле на страната на една од планините, а снимката ја покажува сета сила која ја ослободува природата.
Исто така италијанските медиуми наведуваат дека овој земјотрес, најсилен во последните 40 години, ја расцепил планината Монте Веторе. Се уште не се знае колку е длабока пукнатината, но ова е ужасна визуелна метафора колку стравичен бил овој земјотрес.
Стотина послаби земјотреси следеле по најјакиот потрес, а експертите предвидуваат дека земјата ќе продолжи да се тресе. Се стравува дека еден од тие потреси би можел да предизвика големо свлечиште и врвот на плнинаната да се скрши.
Она што е необично е што во кратко време се случија два јаки земјотреси, досега обично требало повеќе време да се натрупа толкаво количество енергија за потрес со ваква јачина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
-

Раст на индустриското производство во декември
-

Преглед на вестите од светот
