Свет
9. February 2018 - 17:30

Засилување на небото: Кина има нов невидилив авион, погледнете го во акција

Кинескиот претседател, Кси Џинпинг, спроведува голема модернизација на кинеските вооружени сили, кои се најбројните во светот, а во истата се вклучени и проектили за соборување сателити и напредни подморници.

Воздухопловните сили објавија дека новиот модел на авиони Ј-20 отсега ќе придонесува за заштита на државниот суверенитет, безбедност и територијален интегритет.

Авионот за првпат беше прикажан во јавноста кон крајот на 2016 година. Најмногу личи на американскиот ловец кој е невидлив за радари F-22, но прашање е дали навистина може да му конкурира. Инаку, Кина развива и невидлив ловец наречен Ј-31, кој треба да биде конкуренција за американскиот ловец F-35.