Засилени превентивните активности за поголема сообраќајна безбедност во Гостиварско

Во првите осум месеци од годинава, заклучно со 25-ти август, на гостиварското подрачје во сообраќајни несреќи загинале 10 лица што и за три пати поголем број од истиот период лани кога се регистрирани три човечки жртви, информираат од СВР Тетово.
- Од почетокот на годинава, регистрирани се и 27 тешко повредени лица и 108 лесно повредени. Најмногу од повредените 84 биле сопатници. Споредено со лани и причинетата материјална штета е речиси за 4 милиони денари поголема, изјави за МИА портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.
Минатата година во овој период биле регистрирани 20 тешко повредни лица, 84 лесно повредени, а материјалната штета изнесувала околу 10 милиони денари.
- Заради ваквите показатели, последниве неколку месеци особено во јуни, јули, август и септември, СВР Тетово ги засили превентивните и други контролни активности за поголема сообраќајна безбедност. Тие најчесто се спроведуваат пред сé на главните гостиварски улици, кои се најфрекфрентни и на кои години наназад се случуваат најголемиот број од несреќите. Целта е навреме да се откријат, отстранат и законски да се санкционираат најразличните видови прекршоци, што ги прават возачите и другите учесници во сообраќајот, нагласува Јосифоски.
Најчеста причина за сообраќајните незгоди (46) била неприлагодена брзина, односно пребрзо возење, во 29 неправилно вршење дејствие, во 18 непочитување првенство, во 9 возење под дејство на алкохол. Осетно зголемен годинава, исто така е и бројот на откриените лица кои управувале без возачки дозволи или нерегистрирани возила.
Зоран Г. Маџоски
Ново на Сител
-

По втор пат во историјата, жена ќе биде главен судија на натпревар од Светско првенство
-

СП 2026: Кејн двоен стрелец во триумфот на Англија над Хрватска
-

УХМР: Најмногу врнежи во Гевгелија, денеска сончево и топло со температура до 34 степени
-

Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за безбедноста, Украина и проширувањето
-

Меморандумот за разбирање прв чекор до конечен мировен договор помеѓу САД и Иран
-

Претставување на национален проект за превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем
-

Состанок на министрите за одбрана на НАТО, меѓу нив и Мисајловски
-

Собранието на седница со повеќе законски предлози, ратификации и извештаи
