Засилени мерки за заштита од коронавирусот на аеродромите во Скопје и Охрид

Патниците од Милано и од Венеција кои пристигнуваат на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе пополнуваат прашалник за коронавирус, што е уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво бидејќи има сè повеќе заболени во Европа.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера информираше дека бројот на заразени во европскиот регион е 3.365 пациенти и дека нови земји во кои е проширен вирусот се Андора, Летонија и Португалија.
– Согласно тоа што има сè повеќе заболени во Европа и согласно поригорозните мерки што италијанските власти ги најавија за северниот регион, се одлучивме за уште еден чекор за подигање на контролата на повисоко ниво што значи на патниците со авионите од „Визер“ од Милано и од Венеција на скопскиот и на охридскиот аеродром ќе треба да пополнат здравствен локатор – карта на што се согласи авиопревозникот, што ќе овозможи добра контрола и следливост на патниците, рече Филипче.
Патниците во прашалниците ќе треба да остават податоци на која адреса престојуваат, за доколку после одреден број денови се јави некој патник со симптоми да може лесно да се најдат сопатниците.
Вчера попладне, од Министерството за здравство информираа дека уште едно лице на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е тестирано на корона вирус и дека резултатот е негативен.
Единствената пациентка која што е хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести е добра и нејзината здравствена состојба се повеќе се подобрува.
Министерот упати апел до граѓаните да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот и доколку не е неопходно да не се патува во ризичните региони, а сите кои се враќаат во земјава да бидат совесни и да се придружуваат до препораките за заштита.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Пораките на Рубио се јасен сигнал за сите сојузници, како Влада, продолжуваме да го зајакнуваме нашето место во трансатлантската заедница
-

ССМ: Работниците се двојно попродуктивни од она што го добиваат преку платите
-

52-годишен скопјанец ја претепал партнерката која била во вториот месец од бременоста
-

При претрес во Кавадарци и Велес пронајдена дрога уапсени три лица
-

Ден на жалост во Сараево по трагичната трамвајска несреќа
-

Николоски од Неготино посака добар род и вети континуирана поддршка од Владата
-

Трагедија во Србија: Загина поранешна тенисерка во тешка сообраќајка
-

Претрес во Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција, приведени четири лица
