Засилени контроли во Битола и Прилеп: 56 нерегистрирани возила, 38 возеле без возачка дозвола
Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (02.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Битола и Прилеп, при што санкционирани се 196 возачи. Притоа, изречени се 99 санкции во Битола, меѓу кои 25 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 19 за возење без возачка дозвола.
Во Прилеп се изречени 97 санкции, меѓу кои, 31 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 19 за возење без возачка дозвола, четири за возење под дејство на алкохол. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Ново на Сител
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
-

Дигитален регистер на загадувачи за почисто Скопје
-

Многу малку сестри во одделите за интензивна нега
-

Деменцијата зема замав - недостигаат институции
