Засилени безбедносни мерки во Приштина во пресрет на изборот на претседател
Косовската полиција презеде засилени мерки за зачувување на јавната безбедност во Приштина во текот денешниот ден, кога се очекува Парламентот на Косово да избира нов шеф на државата.
Портпаролот на полицијата Даут Хоџа изјави дека се преземени сите потребни мерки за „зачувување на безбедноста на граѓаните на Косово“.
Според него, како што јави дописникот на МИА, задачите и одговорностите на полицијата се одредени со Законот за полиција и оти секогаш кога имало случаи на јавни собири, полицијата ги преземала потребните мерки со кои се гарантирала целосна безбедност на земјата.
- Полицијата ги има потребните капацитети за да менаџира со состојбата. Исто така имаме и флексибилни планови како да се реагира ако тоа биде потребно,изјави Хоџа.
За денска е закажана седница на косовскиот Парламент на која треба да биде избере новиот, петти по ред, претседател на Косово, за која функција најсериозен кандидат е лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и актуелен вицепремиер и шеф на дипломатијата Хашим Тачи.
Здружената опозиција најави масовни протести пред Парламентот и негово блокирање, како и протест на плоштадот во центарот на Приштина, каде уште од вторникот се поставени шатори на опозициски активисти.
Од друга страна, на истиот плоштад е најавен и собир на приврзаниците на Тачи, кои би требало да го прослават неговиот очекуван избор за претседател.
Ново на Сител
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
-
Ќе има ли учебници за сите од први септември?
-
Ахмети најави битка за одбрана на легитимност
-
По пратеничкиот мандат на Беџети, Сарај ќе избира нов градоначалник
-
Внимателно со трошење на буџетските пари, порачуваат академците
-
Советот на јавни обвинители законски не може да го разреши Иџет Мемети
-
На Кацарска и завршува мандатот - Кој ќе ја наследи?