Засилени безбедносни мерки на албанските пристаништа

Засилени безбедносни мерки се воведени на албански пристаниште Драч, Шенѓин, Валона, Саранда,како превентива по терористичките напади што се случија во Брисел, јавува дописникот на МИА од Тирана.
Министерот за транспорт Едмонд Хаџинасто издал наредба за тестирање на нивото на безбедност на домашните пристаништа за да се испита навремената реакција на безбедносните сили и за спречување на настани кои се закана за безбедноста, објави порталот Албеу.
Покрај другите мерки кои почнаа да се спроведуваат се и многуте влез-излез контроли на луѓе, детална контрола на возила и багажот на патниците.
Веднаш по нападите во Брисел засилени безбедносни мерки беа воведени на меѓународнот аеродром во Тирана.
Министерот за внатрешни работи Саимир Тахири потврди дека се преземени засилени безбедносни мерки, додавајќи дека како и сите други земји и Албанија не е имуна на тероризмот, но оти нема место за паника.
Ново на Сител
-

АХВ продолжува со вонредните инспекциски контроли на зелените пазари - запленети уште 5 тони небезбедна храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски најави 8 денари помош за килограм откупена арпа
-

Премиерот Мицкоски очекува убедлива победа во вториот круг во Брвеница
-

СДСМ: Власта ги објави резултатите од болните во Брвеница пред да се отворат кутиите
-

Министерот за правда ги стартува разговорите за решение за правосудниот испит
-

Мицкоски: Со Окта се преговара за 2 денари попуст за дизелот
-

Неопходна е навремена превенција на ризичните однесувања кај младите
