Македонија
16. April 2024 - 16:35

Засилена претседателска кампања

Со приближувањето кон крајот на кампањата за првиот круг од претседателските избори се засилува и реториката на седуммината кандидати за шеф на државата. Продлжуваат нивните дневни активности.

Кандидатиката поддржана од  ВМРО-ДПМНЕ вечерва е во Дојран и Гевгелија. Пендаровски поддржан од СДСМ попладнево карванот го почнува во Чашка, а вечерва ќе одржи митинг  во Велес.

Максим Димитриевски од ЗНАМ и Стевчо Јакимовски  од ГРОМ веќе одржаа прес-конференции со последни пораки за кампањата и предизборни ветувања од Скопје.

Биљана Ванковска веќе имаше средби со граѓани во Виница и Кочани.

Кандидатот на албанската опозиција Вреди Арбен Таравари имаше прес-конференција во Тетово, но и средба со граѓани во Струга. Вечерва во Струга митинг ќе има и кандидатот на ДУИ Бујар Османи.