Зариф: Ќе продолжиме да продаваме нафта и покрај потезите на САД
САД мораат да бидат подготвени за последиците ако се обидат да го спречат Иран да продава нафта и да го користи Ормускиот проток, предупреди денеска иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф, нудејќи му преговори на Вашингтон за размена на затвореници.
САД во понеделникот побараа од набавувачите на иранска нафта да престанат да купуваат до мај или ќе се соочат со санкции.
– Веруваме дека Иран ќе продолжи да ја продава својата нафта. Ќе продолжиме да пронаоѓаме купувачи за нафтата и натаму ќе го користиме Ормуз како безбеден транзит премин за продажба на нашата нафта, изјави Зариф во Њујорк.
Потврдувајќи го ставот на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, Зариф предупреди: „Ако САД преземат ненормални мерки, обидувајќи се да не спречат тоа да го сториме, тогаш треба да се подготват за последици”.
Цените на нафтата вчера достигнаа највисоко ниво од ноември, по објавата на Вашингтон.
Зариф укажа на можноста за соработка со САД со цел да се донесе стабилност во Ирак и Авганистан, приоритет и за Техеран и за Вашингтон.
Тој, исто така, рече дека е подготвен за размена на британско-иранскиот хуманитарен работник Назанин Загари-Ретклиф, кој беше уапсен во Иран во 2016 година, за Иранка, која се наоѓа в затвор во Австралија во последните три години, а на барање на САД за екстрадиција.
Зариф изјави дека Иран пред шест месеци им порачал на САД дека е отворен за размена на затвореници, но дека сé уште не добил одговор.
-Ајде да ја направиме размената. Подготвен сум да го сторам тоа и имам овластувања да го сторам тоа, рече Зариф.
Ново на Сител
-
ИКС: Наративот на политичарите штетно влијае на менталното здравје на граѓаните
-
Муцунски: Ние сме „Македонски свет“ и гледаме да ги шириме интересите на нашата надворешна политика
-
Мицкоски повика трагедијата во Кочани да не се користи за ситни политички поени
-
ССМ пресмета зголемена потрошувачка кошница во јули, премиерот најавува нови 5 кошници, за разни категории
-
Се реконструира гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово
-
Почна најголемиот спортски настан во историјата на Македонија, странците воодушевени од организацијата
-
Зајкова: Ќе лобираме кај нашите европски партнери
-
Охрид го живее шпицот на сезоната