Заразените хрватски лекари криеле дека биле на скијање во Австрија

Шефот на Клиничко болничкиот центар Ребро во Загреб Анте Ќорушиќ изјави дека дел од лекарите кои се заразија со новиот коронавирус биле на скијање во Австрија, а по враќањето тоа го сокриле.
– Ќе бидат санкционирани. Досега тројца се заразени, уште една личност ги чека резултатите од тестот. . Три проценти од вработените во Ребро сега се во изолација, тоа се 140 лица. Тоа се случи поради неодговорност, рече Ќорушиќ за Н1 Телевизија. Тој додаде дека сите би биле во изолација доколку се знаело дека биле на скијање во Австрија.
– Епидемиолошкиот мониторинг на клиниката е завршен, знаеме дека вирусот е увезен од надвор поради заминување на викенд во Австрија што не било навремено соопштено на управата и од каде дел од колегите се вратиле, продолжиле со работа и сокриле дека биле во Австрија. Апелираме на одговорност на граѓаните, на самоконтрола во однесување, а тоа посебно важи за лекарите, потенцираше диркеторот на КБЦ.
Тој уште еднаш потенцираше дека станува збор за голема неодговорност, бидејќи да се јавеле по патот во Австрија веднаш би биле ставени во самоизолација, а сега поради нив 140 здравствени работници се надвор од работните места, односно се во самоизолација.
– Се случи пропуст/ Очекувавме дека вирусот ќе биде увезен од надвор преку обединетата служба за итен прием на пациенти, а всушност е увезен поради викенд во Австрија, коментираше тој.
Меѓу новозаразените девет лица во Хрватска, тројца се лекари, соопшти претходно хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Станува збор за двајца заразени лекари во Клиничко-болничкиот центар во Загреб и една лекарка од психијатриската болница Врапче, која до петокот била на работа. Откако денеска се добиени резултатите дека лекарката е позитивна на новиот коронавирус, дневната психијатриска болница е затворена, која и претходно функционирала со многу намален капацитет.
Што се однесува на двајцата лекари од КБЦ Загреб, станува збор за лекарки од неврологија и кардиологија. Со тоа бројот на заразени лекари во КБЦ Загреб се зголеми на четворица лекари (тројца од неврологија и едната лекарка од кардиологија).
Ново на Сител
-

МВР: Во мај година пријавени 70,5 отсто повеќе кривични дела поврзани со семејно насилство и зголемување од 71,3 отсто во однос на мај лани
-

Воведен AI ChatBot за поддршка при користење на електронскиот дневник
-

Макрон: Писмото на Зеленски до Путин е добра иницијатива за обновување на дијалогот
-

Тошковски: Граничниот премин Маркова Нога значаен за двете пријателски држави и стратешки проект за регионот
-

Четири лица осомничени за кражба на маси и столови од угостителски објект во Куманово
-

СВР Штип апелира до граѓаните да не бидат мета на измами за лажни операции на нивни блиски
-

Кривична за лице од Пласница поради оштетување прозорец на еден од вагоните на возот „Ќиро“, кој е историски предмет
-

Кривична за професор од средно училиште во Кичево, физички нападнал малолетна ученичка
