Свет
21. July 2015 - 11:41

Зараф: Нуклеарниот договор е пораз за Израел

Спогодбата за иранската нуклеарна програма со меѓународната заедница е огромен пораз за Израел, во иранскиот Парламент изјави шефот на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф, цитиран од ДПА.

- Никогаш претходно ционистичкиот режим не бил толку изолиран, дури и од своите сојузници, кажа Зараф.

Од овие причини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е толку нервозен, крева врева насекаде и се обидува по секоја цена да ја блокира спогодбата, рече иранскиот прв дипломат.

„Со склучувањето на спогодбата на крајот е неутрализирана континуираната децениска антииранска пропаганда на ционистичкиот режим“, изјави  Зариф, кој беше главниот ирански преговарач на преговорите за нуклеарната програма на Техеран.