Живот
12. November 2015 - 17:42

Запознајте ја најхрабрата трудница на светот: Се бори со алигатори

Марта Ривера е идна мајка од Америка, која продолжува и во текот на бременоста со секојдневните активности иако тоа подразбира опасни игра како што е борење со алигатори.

Оваа жителка на Флорида работи во забавниот парк во кој алигаторите се големи ѕвезди, а таа и нејзиниот сопруг со спасување на алигаторите волонтерски се занимаваат две години. Како што објаснува Марта, нејзиниот осумгодишен син мисли дека нејзината работа е „супер“, а неа не и пречи ништо во работата, дури ни тоа што е моментално бремена.

-Тоа е исто како кога некој што има голем стомак работи, скромна е Марта, која додава дека се чувствуа потполно безбедно додека ги изведува своите трикови, меќу кое е и бакнувањето на њушката со алигарот.

-Ги знам своите своите граници. Знам со кои алигароти можам да работам, со кои не. Им ја знам големината, ги знам триковите кои можам, а кои не можам да ги изведам. Не би направила нешто за што не сум сигурна, зошто ќе си го загрозам не само својот живот, туку и на животното, вели Марта.

Оваа мајка признава дека е зависник од адреналин и дека од алигаторите никогаш не и е доста. Таа со нив влегува во базенот, ги храни, се бори со нив и им се качува на грб.

Сепак Марта иако е горда на своите подвизи, вели дека не смеела да и признае на својата мајка дека продолжила со своите опасни игри и во бременоста.

-Таа знае дека сум бремена и знае дека се борам со алигаторите. Само не знае дека ги правам тие две работи истовремено, се пошегува оваа необично храбра жена.