Започнува зимското сметање на времето: Викендов ќе ги поместиме стрелките на часовникот
В сабота кон недела на полноќ (27 кон 28 октомври) ќе почне зимското сметање на времето, кога стрелките на часовниците ќе ги поместиме за еден час наназад
Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, за да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.
Македонците, заедно со жителите од цела Европа, уште неколкупати ќе ги свртат стрелките на часовниците заради промена од летно во зимско сметање на времето и обратно. Последен пат тоа ќе се случи во 2021 година, кога летното и зимското време ќе заминат во историјата, затоа што Европскиот парламент во март 2019 година донесе одлука за прекинување на сезонските промени на времето.
Државите ќе мора да одлучат во кое време ќе останат трајно.
Граѓаните наскоро, на 27 октомври, ќе мора да ги вратат часовниците за еден час наназад, со што ќе започне зимското сметање на времето, што ќе резултира со порано разденување и порано стемнување.
Зимското време е всушност природното време, а сезонското сметање е воведено со цел во лето денот да почне подоцна и подоцна да се стемнува, затоа што инаку би се разденувало многу рано, пред 5 часот наутро кога луѓето спијат, а би се стемнувало порано, што не им одговара на луѓето во лето.
Од Владата велат дека одлуката дали Македонија ќе остане трајно во летното или во зимското време, ќе биде базирана на детални анализи.
Ново на Сител
-
Бјере: Моментумот за проширување е тука, искористете го
-
Се уште без договори Таравари со Ахмети, Тачи со Меџити
-
Бошњаците бараат кривично да се казнува негацијата на геноцидот во Сребреница
-
Реакција по роденденот на ВМРО-ДПМНЕ
-
Нов дефект во РЕК Битола - ЕСМ се сомнева во саботажа
-
Три лица на скопските клиники, по вчерашната улична пресметка со нож во Чаир
-
Новиот министер за здравство има идеи за сообраќајниот хаос на Клинички, за кратко време и решение
-
Завршни зборови на обвинетите