Започнува вториот дел од програмата на 10. издание на Викенд на гордоста во Скопје
Од денеска до 17 септември на повеќе места во Скопје ќе се одбележи вториот дел од програмата на јубилејниот десетти по ред Викенд на гордоста Скопје.
Програмата ќе биде отворена со перформансот „Етика“, на францускиот кореограф Матjе Окемије во изведба на Патрис Дезмон и Пјер Емо во Младинскиот културен центар – МКЦ.
-Настанот ќе се одвива во Младинскиот културен центар – МКЦ, Музејот на современа уметност, и клубот Станица 26. Викендот на гордоста Скопје е фестивал за квир култура, уметност и теорија чијашто цел е да создаде простор за презентирање и промовирање на ненормативните форми на светообразување или, со други зборови, на односите, афектите, идентитетските позиции, телесните стилови и сензибилитети обележани од хетеронормативниот, националистички и неолиберален капиталистички контекст, како квир, ексцентрични и неуспешни. Основната кураторска тема на овогодишното издание на Фестивалот е „Екстатични тела“, информираат организаторите.
Фестивалот е во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство Локомотива, МСУ, ТИИИИТ! Инк. и КСП Центар-ЈАДРО, со поддршка на Министерството за култура, Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Фондацијата Фридрих Еберт, Амбасадата на Франција, Фондацијата отворено општество Македонија, и Сигрид. Раузинг.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45