Започнува 67-то „Берлинале“

Меѓународниот филмски фестивал во Берлин ќе биде отворен денеска со филмот „Џанго", деби оставрување на францускиот режисер Етјен Комар.
За престижната награда „Златна мечка" и петте „Сребрени мечка" се натпреваруваат 18 филмови, најмногу од Европа, но има и дела од Кина, Бразил, Јапонија и Чиле. Меѓу главните претенденти за наградите се финскиот режисер Аки Каурисмаки, Американецот Орен Муверман и Британката Сали Потер.
Претседател на жирито на „Берлиналето" ќе биде холандскиот режисер Пол Верховен, најпознат по својата еротска трилер класика „Основен инстинкт".
Вон натпреварувачката програма, меѓу останатите, ќе бидат прикажани „Последниот портрет", под режисерската палка на Стенли Тучи, потоа „Акушерка" на Мартен Провост со Катрин Денев во главната улога, „Треинспотинг 2" на Дени Бојл и „Куќата на ренегатот" на Ѓуриндер Чадха.
Италијанската модна дизајнерка Милена Канонеро ќе ја добие почесната награда за придонес во развојот на кинематографијата. Специјална награда „Берлинале камера" пак ќе им биде врачена на кинескaтa продуцентка Нансун Ши, на австралискиот актер Џефри Раш, како и на филмскиот критичар и писател од Египет, Самир Фарид.
На црвениот тепих ќе ги видиме и Ричард Гир, Итан Хок, Пенелопе Круз, Хју Џекман и Роберт Патинсон.
Македонија, исто така, на некој начин ќе има свој претставник на фестивалот, а тоа е филмот во српско-бугарско-македонска копродукција „Реквием за госпоѓа Ј.", по сценарио и режија на Бојан Булетиќ.
Манифестацијата ќе трае до 19 февруари.
Ново на Сител
-

Врсничко насилство во Куманово: Девојче опколено во ќош, брутално удирано и влечено за коса
-

Изминатиов викенд направени 1426 сообраќајни прекршоци, уапсени 64 лица за безобѕирно возење
-

Руските безбедносни служби спречиле украински напади врз воени бази длабоко на руска територија
-

Нема укинување на санкциите додека Техеран не се откаже од нуклеарната програма
-

Ѓорческа напредуваше 14. позиции на ВТА рангирањето
-

Убиство во Скопје: Пијан татко ја нападнал сопругата, синот го усмртил со нож
-

Инфантино најави можно проширување на мундијалскиот формат со 64 репрезентации
-

УХМР: Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Велес, денес сончево и до 34 степени
