Започна вежбата „Блесок 22“ на македонската Армија
Во кампот за обука „Пепелиште“ денеска се одржа воена церемонија со којашто се означи почетокот на националната теренска вежба „Блесок 22“. Вежбата ќе се одржи во период од 3 до 11 април, со изведување на активности на армискиот полигон „Криволак“, кампот за обука „Пепелиште“, касарната „Јане Сандански“ – Штип и касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец, информира Министерството за одбрана.
На вежбата ќе учествуваат околу 1100 припадници од Армијата на Република Северна Македонија, како и одреден број на оценувачи и набљудувачи од НАТО. Од Министерството велат дека основната цел на вежбата „Блесок 22“ е оценување на борбената подготвеност на Лесниот пешадиски баталјон (лпб), согласно Стандардите за оценување на копнени команди и единици на Здружената команда за операции на НАТО – CREVAL (Combat Readiness Evaluation).
На денешната церемонија за отворање на вежбата присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на прва пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски, а пред учесниците на вежбата се обрати директорот на вежбата, потполковник Зоран Сумрачки.

Сумрачки истакна дека со успешна реализација на оваа вежба има можност да покажеме дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди, кои се потребни во заедничкото делување во справување со современите безбедносни закани.
Согласно планот на активности на вежбата, од Министерството информираат дека во текот на утрешниот ден во касарната „Јане Сандански“ во Штип ќе отпочнат првичните активности за оценување на единицата по елементите на оценување во мирновремени локации.
– За реализација на вежбата „Блесок 22“ ќе се користи фиктивно сценарио, при што се креирани настани и инциденти кои ќе овозможат единицата да се извежба и оцени согласно НАТО стандардите, односно Лесниот пешадиски баталјон ќе може да ја демонстрира својата борбена готовност да се соочи со сложеноста на бојното поле, се вели во соопштението.

Оценувањето ќе го спроведува национален тим за оценување, кој е сертифициран од страна на НАТО школото за вршење на оценување на борбена готовност на копнените сили, според стандардите и процедурите на Алијансата при што ќе се оценуваат постапките во седум различни области на способност. Ова е прво оценување на поголем состав во Армијата по нашето полноправно членство во НАТО, за чија успешност голем мотив се високите оценки кои ги добиваме во досегашните години од страна на НАТО за успешно изведените вежби на претходните оценувања на декларираните состави, но и при извршувањето на мировните мисии.
За секоја област се одредени лидери на тимови и соодветен број на оценувачи, зависно од обемот на оценување. Оценувањето се изведува во 2 фази и тоа оценување на мирновремена локација и на терен. На крајот од оценувањето ќе биде потпишан формалниот извештај од страна на НАТО набљудувачите и директорите на оценувањето, по што резултатот ќе биде соопштен на оценуваната единица.
Ново на Сител
-

ССМ на традиционален протест за 1 мај
-

Скок на цените на природниот гас на европските берзи
-

Сведок за „Пулс“: Пред пожарот имаше рација за малолетници, во дискотеката се користеа прскалки и претходно
-

Одбраната на Деко бара куќен притвор поради влошено здравје, дошол на судење со отворена рана
-

Спортски настан за промоција на физичка активност и здрави навики кај децата во кабинетот на претседателката
-

Избори во Бугарија: Според обработени 68,34 отсто од протоколите, Прогресивна Бугарија на Румен Радев води со 44,5%
-

Косовец со тесла ограбил тобако, украл 52.900 денари па избегал со велосипед
-

Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
