Започна Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид, го отворија Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД, кој денеска се одржува во просториите на Стејт департментот во Вашингтон.
– Стратешки дијалог со САД претставува ново поглавје во нашите меѓусебни односи, кое ќе го надгради нашето Стратешко партнерство и ќе постави рамка за понатамошно унапредување на билатералната соработка меѓу двете земји. Особено нѐ прави горди што Северна Македонија е прва земја од Западниот Балкан која го одржува овој значаен процес, што претставува признание и за нашата регионална улога и јасен сигнал за пријателството и силното сојузништво меѓу двете земји, подвлече Османи.
По официјалното отворање, следеше сесијата посветена на регионалните иницијативи, што беше предводена од страна на министерот Османи и помошникот државен секретар, Карен Донфрид. Во фокусот на дискусиите беше важноста на регионалните иницијативи за реформските процеси како особено значајни за евроинтегративните перспективи, помирувањето и целокупната стабилност на Западниот Балкан, соопшти МНР.

Министерот Османи го нагласи активното учество на Северна Македонија во голем број регионални иницијативи, притоа истакнувајќи ги Берлинскиот процес, Отворен Балкан, Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Регионалниот совет за соработка и др. Воедно, ја поздрави нивната улога во делот на економската интеграција и регионалниот просперитет, нагласувајќи дека истите не претставуваат замена за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку ги потпомагаат и забрзуваат нивните евроинтегративните процеси.
– Северна Македонија како иницијатор на И8 и Б6 е земја предводник на регионалните иницијативи со визија за забрзување на реформските процеси, зајакнување на економската интеграција и забрзување на евроинтегративните процеси на земјите од Западен Балкан. Ваквиот пристап е особено значаен за надминување на разликите меѓу земјите од регионот и нивно што поскоро интегрирање во ЕУ. Особено сме благодарни на САД за нивната континуирана и недвосмислена поддршка на нашите заложби во оваа насока, истакна Османи.

Иницијативата осум (И8) претставува регионална платформа, иницирана од Северна Македонија, за трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Албанија и Бугарија. Целта на иницијативата е зајакнување на политичката соработка меѓу земјите долж паневропскиот Коридор 8, или таканаречената балканска оска исток – запад која ги спојува Јадранското со Црното море, преку поттикнување на соработката во областите на безбедноста, енергетиката, туризмот, културата и сл. Од друга страна, иницијативата Б6 претставува неформална платформа за политичка соработка на министрите за надворешни работи од Западен Балкан, иницирана минатата година од Министерот Османи, а чија цел е поттикнување на меѓусебната комуникација меѓу предводниците на дипломатиите во земјите од регионот, слично на веќе етаблираните регионални соработки во Европа, како што е В4 (Вишеград) или иницијативата на земјите од централна Европа Ц5.
На сесијата стана збор и за актуелните безбедносни состојби, при што беше упатена заедничка осуда за руската воена инвазија, како и поддршка на Украина и украинскиот народ. Дополнително, беа поздравени постигнувањата на Северна Македонија во рамки на евроинтегративните процеси и беше упатена порака за што поскоро започнување на пристапните преговори со ЕУ.
На гендата на стратешкиот сијалог беше и претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 одина, што беше поздравено и поддржано од САД.
Ново на Сител
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
-

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро
-

Над илјада заразени во Европа од западнонилска треска
-

Патник од прва класа на лет во САД касал и удирал луѓе, па со селотејп го залепиле за седиштето
-

ЦУК: До 7:30 вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои два се активни
-

Митева за Сител: Системот со карти за 8 Септември е поради безбедноста и за да нема огромни редици
-

Вучиќ: В среда или в четврток ќе ги распишам изборите
-

Над 15 отсто од Македонците се дебели – каде сме во споредба со Европа?
